Извештај од одржана втора координативна - информативна средба во Oпштина Лозово

На 20.09.2010 година во салата во Општина Лозово во организација на Фондацијата за локален развој и демократија ,,Фокус,, и Општина Лозово се одржа втора координативно - информативна средба. По барање на претседателите на месните заедници на првата координативна средба овој пат покрај средба со претставници од општинската администрација на претседателите им беше овозможена и средба со дел од советниците од Советот на општина Лозово. На средбата присуствуваа претседатели од шест месни заедници, советници, претставник од општинската администрација и невладините организации.


На средбата г. Љупче Димитров, службеник за комунална инфраструктура, патен сообраќај, локални патишта и улици во општина Лозово на претседателите на месни заедници им образложи колку од предложените приоритети од изминатата година се досега реализирани и за колку постои можност да се реализираат до крајот на тековната година.

 
Извештај од одржана втора координативна - информативна средба во Oпштина Чашка

На 17.09.2010 година во ООУ ,,Тодор Јанев,, во Општина Чашка во организација на Фондацијата за локален развој и демократија ,,Фокус,, и Општина Чашка се одржа втора координативно - информативна средба. По барање на претседателите на месните заедници на првата координативна средба овој пат покрај средба со претставници од општинската администрација на претседателите им беше овозможена и средба со дел од советниците од Советот на општина Чашка. На средбата присуствуваа претседатели од седум поголеми месни заедници, советници и двајца претставници од општинската администрација.
На средбата г. Горан Игнов, советник за градежно уредување на земјиште во Општина Чашка на претседателите на месни заедници им образложи колку од предложените приоритети од изминатата година се досега реализирани и за колку постои можност да се реализираат до крајот на тековната година.

 

информативна средба во општина Велес

На 08.06.2010 година во организација на Фондацијата за локален развој и демократија ,,Фокус,, и општина Велес се одржа првата координативно- информативна средба на ново избраните претседатели на урбани и месни заедници на општина Велес со претставници на општинската администрација. На средбата присуствуваа 18 претседатели на урбани и месни заедници и тоа од УЗ Богдан Каракостев, УЗ Славе Петков, МЗ Караслари, МЗ Горно Оризари, МЗ Бузалково, УЗ Димче Мирчев, УЗ Васа Кошулчева, УЗ Шорка, УЗ Трајко Панов, МЗ Црквино, МЗ Сујаклари, МЗ Новачани, МЗ Кумарино, УЗ Тунел, МЗ Славе Петков, УЗ 9-ти Ноем ври, МЗ Челошево, УЗ Алексо Демниевски и двајца претставници од општинската администрација.