На 07.12.2009 година во организација на општина Градско и Фондацијата Фокус во салата на општина Градско се одржа првата јавна расправа по Нацрт- програмите и буџетот на општината за следната 2010 година. На расправата присуствуваа 18 претставници од кои: градоначалникот Глугур Коцев, 2 од општинска администрација, 7 членови на Совет, 6 претставници од месни заедници и 2 од здруженија на граѓани.
Извештај од јавна расправа по Нацрт-документите на Општина Велес за 2010 година
Јавната расправа по Нацрт-документите на општина Велес за претставници на институции од областите на: образование, култура, здравствена и социјална заштита, се одржа на 4.11.2009 година во големата сала на општина Велес со почеток во 17.00 часот. На неа присуствуваа 32 учесници од кои 13 претставници од училиштата, 7 членови на Советот на општина, претавник од ТППЕ Велес (против пожарна бригаде), претставник од ЈЗУ Зравствен дом, 2 ученици од Центарот за социјални грижи, 3 од НВО Виготски, 2 членови на месни заедници. На почетокот на јавната расправа од службениците на општинската администрација беа презентирани сите Нацрт- програми за активностите на општината во следната 2010 година.
Извештај јавна расправа по Нацрт-документите на Општина Велес за 2010 година
Јавната расправа по Нацрт-документите на Општина Велес за претставниците на месните и урбани заедници се одржа на 4.11.2009 година во големата сала на општина Велес со почеток во 18.00 часот. На неа присуствуваа 41 учесници од кои 9 членови на Советот на општина Велес и останатите 32 претставници на урбани и месни заедници. На почетокот на јавната расправа од службениците на општинската администрација беа презентирани сите Нацрт- програми за активностите на општината во следната 2010 година.