Извештај од одржаната јавна расправа по нацрт документите на општина Велес за 2010 година

 
Јавната расправа која по шести пат ја организираа општина Велес и фондацијата ,,Фокус,, по нацрт документите на општината за претставниците на здруженијата на граѓани и фондации, спортските клубови, културно уметнички друштва И граѓани беше одржана на 3.11.2009 година  во големата сала на општина Велес со почеток во 18 часот.
Согласно законските рокови кои ги има Советот на општина Велес и утврдената динамика расправата се одржа токму на овој датум иако градоначалникот Горан Петров како предлагач беше службено отсутен.
Од општинската администрација беше посочено дека сите забелешки од присутните ќе бидат уредно запишани и доставени до Советот на општина Велес кој го има последниот збор и одлуката што од предлозите ќе биде вклопено во програмата за следната година а што не.

 
На работилницата која се одржа на 26.10.2009 година во општина Лозово присуствуваа вкупно 17 присутни од кои 3 претставници од локалната самоуправа, градоначалникот Орце Цветковски, директорот на јавното претпријатие Лозово, советници од општина Лозово,  наставник и 5 претставници на месни заедници.

 
 


На работилницата која се одржа на 20.10.2009 година во малата сала на општина Градско присуствуваа вкупно 15 учесници од кои еден претставник на општината, четворица претставници на невладини организации и шест припадници на месни заедници. Од месните заедници беа присутни претсавници од МЗ Горно Чичево, МЗ Долно Чичево, МЗ Кочилари, МЗ Градско, МЗ Ногаевци, МЗ Уланци и претставници од невладините организации ,,Мрена,, ,,Надеж,, КУД ,,Стоби,, и Младински совет Градско, како и претставник на здружението на пензионери.