Image

 

Фондацијата ФОКУС и Општина Лозово, организираа работилница за идентификација на граѓанските приоритети за 2009 год. Работилницата се одржа  на 25.12.2008 за претставниците на месните самоуправи,  во просториите на Општина Лозово.На присутните претставници од 11 месни заедници и НВО, претставници на администрацијата на Општина Лозово им презентираа податоците за расположливи средства за 2009 година и можностите за реализација на проекти, а потоа поодделно присутните ги истакнуваа своите приоритети.

На оваа работилница беа идентификувани следните приоритети -

Image

Се одржаа јавните расправи по Нацрт-Буџетот на Општина Велес за 2009 година.

Фондацијата ФОКУС и Општина Велес, по пети пат организираа јавна расправа по Нацарт - Буџетот на Општината за 2009 година. Јавната раправа се одржаа  на 24.12.2008 за претставниците на месните самоуправи,  институциите од областа на образованието, културата и здравствената и социјалната заштита и здруженијата на граѓани и фондации (спортски клубови, НВО, КУД и др.) и граѓани. На присутните претставници Градоначалникот на Општина Велес г-дин Аце Коцевски го презентираше нацрт – буџетот, а потоа поодделно присутните ги истакнуваа своите предлози за дополнување на буџетот.

 

Image

Фондацијата ФОКУС и Општина Чашка, организираа работилница за идентификација на граѓанските приоритети за 2009 год. Работилницата се одржа  на 24.11.2008 за претставниците на месните самоуправи,  во просториите на ОУ „Тодор Јанев“ во Чашка.

Image

На присутните претставници од 7 месни заедници, преставници на администрацијата на Општина Чашка им презентираа податоците за расположливи средства за 2009 година и можностите за реалзиација на проекти, а потоа поодделно присутните ги истакнуваа своите приоритети.

Image