Фондацијата „Фокус“ додели уште една финансиска помош за плаќање на партиципација на една студентка за упис на Факултетот за безбедност при универзитетот „Св.Климент Охридски„ во државната квота за учебната 2012/2013 година.
Фондација „Фокус“ предаде дел од донираната облека и обувки на Здружението на трудови инвалиди од Велес кои понатаму ќе ја поделат на членовите и лицата на кои таков вид на помош им е потребна. Со ова заврши и последната дарителна акција, во која граѓаните самоиницијативно донираа.
Фондација „Фокус“ реализираше уште една успешна дарителна акција. Препознавајќи ја благородната мисија на Фондацијата, граѓаните самоиницијативно, континуирано донираа облека и обувки. Првите пакети облека и обувки беа поделени на неколку деца сместени во дом семејства со што Фондацијата го одбележа Светскиот ден на детето и Денот на згрижувачите во Македонија. Останатите пакети ќе бидат поделени на други социјално немоќни семејствата.