Ве поканувам да присуствувате на петанаесетата седница на Управниот одбор на Фондацијата за локален развој и демократија ФОКУС – Велес. Седницата ќе се одржи на ден 08 јули 2010 година (четвтрток) со почеток во 18.00 часот, во големата сала на Фондацијата.
Предпразнично, денес во Фокус пристигнаа и првите лични честитки за успесите на Фондацијата и за среќна нова 2010. Им благодариме на нашите колеги од НВО и на дада Мразица :) Убаво е чуството дека има многумина кои се радуваат на вашите успеси.
на тема „Локална демократија и активно граѓанско учество
Фондацијата за локален развој и демократија „Фокус“-Велес во рамки на проектот „ Ние за заедницата“ чија цел е да придонесе за поактивно вклучување на граѓаните во локалниот развој, организира еднодневна конференција за размена на добри практики на граѓанска партиципативност во креирањето локални политики и утврдување потенцијални можности за поголема меѓуопштинска соработка на општините Велес, Лозово, Градско и Чашка каде Фондацијата делува.
Проектот „Ние за заедницата“ се спроведува од декември 2008 година со финансиска поддршка од Институтот за трајни заедници (ИТЗ) со фондови на Соединетите американски држави (USAID) и во рамки на истиот беше спроведен процес на утврдување граѓански приоритети и мониторинг на реализацијата на општинските програми и буџети за 2009 година. Резултатите за опфатот на граѓанските приоритети и нивната реализација ќе бидат презентирани на конференцијата.
Конференцијата ќе се одржи на 14ти декември (понеделник) во големата сала на општина Велес, со почеток во 09:00 часот.
На конференцијата се поканети и ќе се обратат: Заменик министерот за локална самоуправа, г.Ферат Фератоски, градоначалниците на општините: Велес, Градско, Лозово и Чашка, г. Горан Петров, г.Глигур Коцев, г.Орце Цветковски и г.Горанчо Пановски и г. Kenneth Lizio, директор за демократија и локално владеење во USAID.
Ќе ни биде особено задоволство ако ја прифатите нашата покана за учество на конференцијата.
Во прилог е предлог дневниот ред со напомена дека сеуште сме во очекување на потврда на присуствата на некои од воведничарите за сесијата и панелите.