Во текот на септември 2011 година ќе се подготвуваат нацрт - програмите за активностите на Општина Велес во 2012 година во областа на:
- образованието,
- културата,
- социјална и здравствена заштита,
- спорт, млади и
- поддршка на НВО секторот.
Сите институции, здруженија на граѓани и поединци кои имаат предлози од поширок интерес на заедницата и конструктивни идеи за активности што треба да се реализираат во 2012 година, можат да ги доставуваат до службите во Општина Велес.
Прилозите се доставуваат на образец што Ви е достапен во електронска форма на веб страната на Општина Велес www.veles.gov.mk
- Критериуми за доделување на средства
- Образец за доставување предлози
Предлозите се доставуваат до Општина Велес, Одделени за образование, култура, здравство, социјална заштита, спорт и соработка со здруженија на граѓани и фондации, ул. „Панко Брашнар“ бр.1 најдоцна до 16.09.2011 година.
По нацрт - програмите ќе бидат организирани јавни расправи на кои можат да учествуваат сите заентересирани страни.
Со почит,
Градоначалник на Општина Велес,
Горан Петров
Општина Велес и Фондација „Фокус“, ги покануваат претставниците од урбани и месни заедници, претставниците од областите на образованието, културата, здравствената и социјална заштита, како и од здруженија и фондации (спортски клубови, невладини организации, културно уметнички друштва итн.) и сите заинтересирани граѓани на:
Јавна расправа по Нацрт-буџет на општината за 2011 година
Нацрт- буџетот што ќе биде презентиран на Јавната расправа можете да го најдете во електронска верзија на веб страната на Општина Велес www.veles.gov.mk, Вашите забелешки по нeго можете да ги упатите на засебниот линк за коментари на истата веб страна.
„Годишната програма на Фондацијата за локален развој и демократија ,,Фокус,, -Велес е поддржана од програмата CIVICA Mobilitas - имплементирана од ЦИРа и финансиски поддржана од SDC“