Почитувани,

Општина Велес и Фондација „Фокус“, Ве покануваат на Јавна расправа по Нацрт-документите на општината за 2011 година.
Јавните расправи ќе се одржат на  05.11.2010 година (петок)  во големата сала на Општина Велес и тоа:

* за претставниците од урбани и месни заедници со почеток во 16:30 и

* за претставниците од:  областите на образованието, културата, здравствената и социјална заштита, како и од здруженија и фондации (спортски клубови, невладини организации, културно уметнички друштва итн.) и сите заентересирани граѓани со почеток во 18:30 часот.

Нацрт - документите што ќе бидат презентирани на Јавната расправа можете да ги најдете и во електронска верзија на веб страната на Општина Велес www.veles.gov.mk , Вашите забелешки по нив можете да ги упатите на засебниот линк за коментари на истата веб страна.

 

Управниот одбор на Фондацијата за локален развој и демократија ФОКУС - Велес, ќе ја одржи својата шеснаесетта седница.
Седницата ќе се одржи на 09. 11. 2010 год. (вторник) со почеток во 19.30 часот, во просториите на Фондацијата.

 

Вработените во Фондацијата за локален развој и демократија ,,Фокус,, на 23 и 24 септември во просторот на Фондацијата присуствуваа на обука за стратешко планирање спроведена од Ненад Апостолски, обучувач-консултант од Центарот за деловна соработка од Скопје.

Целта на обуката беше да се зајакнат капацитетите на вработените во Фондацијата за стратешко планирање. Во двата предвидени дена за обука се помина низ неколку клучни сегменти кои придонесуваат за подобро и поефикасно планирање. Планирањето се заснова на  мисијата и визијата на Фондацијата,  по претходно изработената SWOT и  PESTLE анализа и дефинирани предлог стратешки цели за следната 2011 година.
По оваа обука кон крајот на октомври ќе следи втора работилница, на која ќе биде дефинирана  предлог Годишната програма на Фондацијата.

Обуката е во рамки на институционаланта поддршка која Фокус изминатава година ја има од Центарот за институционален развој ЦИРа во рамки на програмата CIVICA Mobilitas финансиски поддржана од SDC.