Планинарскиот дом во село Папрадиште ќе добие нов лик. Активисти и волонтери на Фондација Фокус и Еколошката Групација Грин Пауер со заеднички сили викендов ќе работат на реновирање на домот. Ќе се варосуваат ѕидовите и таваните на просториите во домот, ќе се фарбаат вратите и прозорците, ќе се перат чаршавите и ќебињата и темелно ќе се измијат садовите. Волонтерите ќе го искосат и уредат дворот пред домот а ќе цртаат и графити на ѕидовите од дворот.
Охрид, 23-25.09.2016 - Претставници на осумдесетина фирми од општините од југозападниот, пелагонискиот, полошкиот и скопскиот регион учествуваа на повеќедневната годишна конференција за јавни набавки.
Целта на конференцијата беше да се унапредат знаењата на микропретпријатијата за учество на јавните набавки, како и да се остварат неопходните контакти меѓу фирмите за нивно идно здружување за заеднички и посилен настап на пазарот на јавните набавки.
Дојран , 14-17.07.2016, Фондација Фокус годинава учествуваше на Д-Фестивал со неколку активности . Д-Хаунт опфаќаше повеќе интерактивни игри кои ги поттикнуваа тимските вештини, меѓусебната комуникација, слободата на изразување и креативноста на учесниците на Фестивалот.Шестчлениот тим успеа да ги мотивира учесниците кои земаа активно учество на Д –Фестивалот во активностите што ги реализирање Фондација Фокус.