Општина Велес и Фондација ФОКУС ги покануваат граѓаните на 3-ти и 4-ти ноември 2009 година да присуствуваат на јавните расправи за Буџетот и програмите за активностите на општината за 2010 година.
Јавната расправа за претставниците на здруженија на граѓани и фондации (спортски клубови, здруженија на граѓани и фондации, културно-уметнички друштва и граѓани ќе се одржи на 3-ти ноември (вторник) со почеток во 18 часот, во големата сала на Општина Велес.
Јавната расправа за претставниците на институциите од областа на образованието, културата, здравствено-социјалната заштита и за сите заинтересирани граѓани ќе се одржи на 4-ти ноември (среда), со почеток во 17 часот. Јавната расправа со претставниците на урбаните и месните заедници ќе се одржи истиот ден, со почеток во 18 часот.
За да ги погледнете Нацрт-програмите посетете го следниот линк.
ПОКАНА
За присуство на работилница за идентификација на граѓанските приоритети за 2010 година.
Почитувани,
Општина Лозово и Фондацијата за локален развој и демократија ,,ФОКУС,, -Велес организираат работилница за идентификација на граѓанските приоритети за 2010 година.
Приоритетите кои ќе бидат предложени на работилницата од страна на месните заедници и невладините организации, ќе бидат доставени до општинските служби и Советот на општината со цел да бидат земени предвид при подговтовка на Нацрт програмите на општината за 2010 година.
За таа цел, Ве покануваме да присуствувате на работилницата закажана за 19.10.2009 год. (понеделник) во малата сала во општина Лозово со почеток во 15.30 часот.
Со поканата Ви го доставуваме и предвидениот дневен ред на работилницата.
Фондацијата ,,ФОКУС,, за сите присутни учесници ќе обезбеди превоз, печатени материјали и освежување.
Со надеж дека ќе ја прифатите поканата за присуство Ве поздравуваме.
Почитувани,
Општина Градско и Фондацијата за локален развој и демократија ,,ФОКУС,, -Велес организираат работилница за идентификација на граѓанските приоритети за 2010 година.
Приоритетите кои ќе бидат предложени на работилницата од страна на месните заедници и невладините организации, ќе бидат доставени до општинските служби и Советот на општината со цел да бидат земени предвид при подговтовка на Нацрт програмите на општината за 2010 година.
За таа цел, Ве покануваме да присуствувате на работилницата закажана за 20.10.2009 год. (вторник) во сала на Совет на општина Градско со почеток во 17 часот.