header-usaid-foom-yef

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Школа за активно граѓанство

Школата за активно граѓанство ќе се организира за млади и претставници на граѓански организации или неформални групи, со цел да им обезбеди неопходно знаење и вештини за реализирање граѓански иницијативи. Школата е составена од два дела, кои ќе ги спроведуваат Младинскиот образовен форум (МОФ) и Форум-Центарот за стратегиско истражување и документација.

Во рамки на Школата за активно граѓанство, МОФ објавува повик за учесници во циклус од четири обуки за младински активизам на следниве теми:

•         Слобода на здружување;
•         Младински политики;
•         Граѓански иницијативи;
•         Аргументирано изразување.

Фондацијата за локален развој и демократија Фокус во соработка со општина Велес, во салата за пресс конференции на општината, релизираше работилница на тема „Презентирање на начините на кои општината ги информира граѓаните“. Целта на оваа работилница е на младите да им се презентираат моделите на кои општината ги информира граѓаните,  но и да се изнајдат механизми за нивно приближување до младите.

opstina-informiranje  opstina-informiranje 1

Реализирана последната активност со наслов „Марш на идеи“  како дел од кампањата „Има начин да се активираш“ на платото пред Гимназијата  „Кочо Рацин“. 


marsh-mladi-1  marsh-mladi-1 1