На 01.11.2011 во просториите на Фондацијата „Фокус“ се одржа работилница за утврдување на приоритети на младите во општина Велес. На истата присуствуваа 10 учесници и тоа: Младински клуб при Фондација „Фокус“, Извиднички одред „Димитар Влахов“, Клуб на млади „Црвен Крст“Велес, ЦИР „Виготски“,  „Чекори на Младите“ и од Студенстскиот парламент при Техничко -технолошкиот факулет од Велес.
 

Дебатерскиот тим при Фондацијата „Фокус“ од Велес,  во состав: Моника Саздова, Дејан Ризински и Весна Радиновска го освоија второто место на финалето дебатирајќи со тимот од Хрватска.

Во периодот од 28-30.10.2011 се одржа меѓународното дебатно првенство Macedonia Open 2011 во Гимназијата „Јосип Броз Тито“во организација на Младинскиот образовен форум. Финалниот натпревар се одржа на Факултетот за туризам и менаџмент во Скопје, на кое се натпреваруваа дебатерски  тимови од Република Македонија, како и дебатери од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Романија и САД.

Кампањата „Зачувај, не уништувај“ со воодушевување ја прифатија средношколците од четирите средни општински училишта во градот, кои на пораките за грижа за урбаната опрема додаваа и свои:

 Не е важно што државата може да стори за НАС, ВАЖНО  е што ние можеме да сториме за НЕА! ЗАЧУВАЈ НЕ УНИШТУВАЈ!!!!!

Нашиот град, наша иднина, наша одговорност!

Не уништувај ги спортските игралишта!

Зачувај ги клупите!

Зачувај ја детската насмевка, не ги уништувај детските игралишта!

Децата се нашта иднина, да ја зачуваме нивната насмевка !
 
Да се подигне урбаната свест на граѓаните!
 
Со оваа активност Фондацијата „Фокус“ ја доближи пораката за грижа за зачувување на урбаната опрема до средношколците и  го пренесе апелот за вклучување на младите во  разубавување на детските забавни терени.