На 31.10.2012 година во просториите на Фондација „Фокус“ се одржа работилница за утврдување на приоритети на младите во општина Велес. На истата присуствуваа 15 учесници и тоа од следниве младински организации: Младински клуб при Фондација „Фокус“, Извиднички одред „Димитар Влахов“, Клуб на млади „Црвен Крст“ Велес, Младинскиот Образовен Форум и Студентскиот парламент при Техничко -технолошкиот факулет од Велес.
Mладите од Велес учествуваа на локалниот настан „Изборот е младински”, чија цел беше да ги едуцира и запознае младите со основните граѓански и политички права, слободи и одговорности, и да ги поттикне на акција за нивно остварување.
Дел од вработените и волонтерите во Фондација „Фокус“ беа обучени за спроведување на програмата за интеграција на млади.