На 26 учесници во циклусот на обуки за Младински активизам во просториите на Фондацијата Фокус им беа доделени сертификати за обуките на тема Младински политики, Слобода на здружување, Граѓански иницијативи и Аргументирано изразување.
Фондацијата за локален развој и демократија Фокус во соработка со општина Велес, во просториите на Фондацијата, одржа работилница со претставници на општинаската администрација и работната група на тема „Градење на капацитети на младите за креирање на механизми за алтернативни начини на информирање “. Целта на оваа работилница беше младите да ги достват своите предлози како до поголема достапност на информациите кои нив ги засегаат.
Членовите на Младинскиот клуб „Фокус“ од Велес, Моника Саздова и Дејан Ризински како дел од тимот заедно со Мартин Божновски од Скопје по втор пат освоија сребрен медал. Овој пат второтo место и сребрениот медал го освоија на Националното дебатно првенство кое се одржа во периодот од 28-30 април во Гимназијата „Никола Карев“ и беше организација на Младинскиот Образовен Форум од Скопје.