Фондација за локален развој и демократија Фокус од Велес беше дел од Националниот Форум на Цивика мобилитас, насловен како „Граѓаните за промени – Ден на граѓанските организации“. Фокус имаше можност да се промовира пред посетителите и учесниците на Форумот, нудејќи промотивен материјал за сите проекти, иницијативи и активности што ги реализираше во изминатите единаесет години, како и за сите залагања и постигнувања . Форумот отвори можност за соработка со други организации преку заеднички идеи и акции.

„Фокус за граѓаните и за заедницата“ е мотото под кое Фондација Фокус реализира кампања во чии рамки спроведе иницијатива за репарирање на елементите за забава на децата и клупите за седење а беа поставени и канти за смет во паркот покрај популарно наречената ХИВ - ска зграда и до Железен мост, во населбата Дворови во Велес.

Фондација за локален развој и демократија Фокус учествуваше на првиот Форум на граѓански организации и општини од источно планскиот регион и округот Благоевград и Ќустендил од Република Бугарија, што се одржа на 13 септември во Делчево. Фокус беше дел од Форумот по покана на организаторот Невладината КХАМ од Делчево.

 

Извршната директорка на „Фокус“, Убавка Јаневска го соопшти своето искуство од досегашното подготвување на апликации за конкурирање на ИПА и повиците за европски проекти. Јаневска како сериозен проблем, со кој се соочува Фондацијата, го посочи обезбедувањето на потребните сретства за учество на граѓанските организации на објавените повици. Секој апликант мора да има обезбедено помеѓу 10 и 20 отсто од вкупниот Буџет на предлог апликацијата. Бидејќи станува збор за апликативни идеи со буџети од 150.000 до 380.000 евра, „Фокус“ се соочува со проблем да обезбеди сопствено учество во висина од 15.000 до 76.000 евра за да биде подобна, според критериумите на отворените повици.