Охрид, 23-25.09.2016 - Претставници на осумдесетина фирми од општините од југозападниот, пелагонискиот, полошкиот и скопскиот регион учествуваа на повеќедневната годишна конференција за јавни набавки.
Целта на конференцијата беше да се унапредат знаењата на микропретпријатијата за учество на јавните набавки, како и да се остварат неопходните контакти меѓу фирмите за нивно идно здружување за заеднички и посилен настап на пазарот на јавните набавки.

Дојран , 14-17.07.2016, Фондација Фокус годинава учествуваше на Д-Фестивал со неколку активности . Д-Хаунт опфаќаше повеќе интерактивни игри кои ги поттикнуваа тимските вештини, меѓусебната комуникација, слободата на изразување и креативноста на учесниците на Фестивалот.Шестчлениот тим успеа да ги мотивира учесниците кои земаа активно учество на Д –Фестивалот во активностите што ги реализирање Фондација Фокус.

Велес, 13.05.2016 , Жените креативки, учеснички во проектот за економско зајакнување на жената од Вардарскиот регион остварија средба за вмрежување, со претставници од бизнис секторот и агентите за продажба – кои на терен ги промовираат и нудат за продажба, нивните производи.