Фондацијата „Фокус“ од Велес, имаше свое преставување на настанот „Моите американски пријатели“, кој се одржа на 20.04.2011 во Младинскиот парк, каде ги презентираше реализраните проекти, поддржани од фондовите на УСАИД.
Настанот беше организиран, по повод 50 годишниот јубилеј на мировниот корпус од САД, како и 15 години од делувањето на мировниот корпус во Република Македонија.
Во организација на Младинскиот образовен форум и Фондацијата „Фокус“, на 24 март годинава во просториите на Општина Велес се одржа трибина на тема: „Каде е иднината на младите?“. На трибината беше презентирано истражувањето на Младинскиот Образовен Форум спроведено во пет области: доверба во институции, социјална вклученост, граѓанско учество, образование и воншколски активности. Во истражувањето учествуваа 3607 млади од Македонија од кои 280 од Велес. Желбата за напуштање на земјата која според истражувањето е ја искажале над 50% од испитаниците поттикна широка дискусија на трибината.
Велес, 18 јуни 2010, сала на Општина Велес, 18 часот
Иницијаторите (Владимир Милчин, Бранко Героски, Никола Гелевски, Роберто Беличанец, Мерсел Биљали и Жарко Трајаноски) и членовите на ГЕМ ќе продискутираат со граѓаните на тема
Можеме ли во НАТО и ЕУ без компромис?
Македонија се наоѓа во еден од позначајните моменти во процесот на евроинтеграција, а тоа е поводот за средба и конструктивна дебата со граѓаните.
Со почит,
Граѓани за Eвропска Македонија