Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

ProektDetskizelenigradini fin

По оценката дека станува збор за квалитетно осмислен , едукативен, инклузивен, еколошки и особено потикнувачки за грижа за животната средина како и за здрав начин на исхрана за најмладата популација во градот Општина Велес одлучи со 71.150,00 денари да го поддржи проектот „Зелени детски градини“ на Фондација Фокус со партнерите.

SredbaNVO1 fin

На краток состанок што се одржа на 17 јули 2020 година во салата за состаноци на Дом на НВО директорките на ОУДГ „Димче Мирчев“, Маја Велиновска и на ПОУ „Маца Овчарова“, Мирјана Стефановиќ како и проектната асистентка Весна Кочова ги разгледаа пристигнатите понуди од добавувачите на потребни материјали за реализација на проектот „Зелени детски градини“ и одлучија согласно возраста и степенот на развој на дечињата кои од понудите да бидат прифатени.

MajaMareUbavkavraboteni fin

ЈП „Национални шуми“ позитивно одговори на барањето на Фондација Фокус со партнерите ОУДГ „Димче Мирчев“ и ПОУ „Маца Овчарова“ во проектот  „Зелени детски градини„ што беше причина Маре Басова помошник директор во националното претпријатие да дојде на средба во Велес. На 3 јули Басова прво го посети ПОУ „Маца Овчарова“ и разговараше со директорката Мирјана Стефановиќ за планирање на просторот во дворот и особено за месата на кои што треба да се засадат туите кои се дел од „Зелената детска градина“.